За Нас

Поликлиниката „Д-р Органџиски“ е првата приватна акушеро-гинеколошка ординација во Р. Македонија. Основана е на црковниот празник Мала Богородица, 21-ви септември 1992 година. Се наоѓа во центарот на градот Штип, кој е географски и административен центар во источна Македонија. На сите влезови од градот има патокази кон ординацијата.
Основач и сопственик на поликлиниката е прим. д-р Ванчо Органџиски. Тој е првиот приватен гинеколог во Македонија, основач на Здружението на приватни гинеколози на Македонија и организатор на редица седници за едукација и доедукација на акушеро-гинеколозите во Р. Македонија. Во текот на овие 25 години д-р Органџиски преку своите познавања, професионализам и упорна работа, стана препознатлив и познат не само во Македонија, туку и во странство. Неговото богато искуство и знаење се темел за надградување и на неговите наследници: д-р Снежана Органџиска - Мајсторова, д-р Верица Органџиска и д-р Стојан Органџиски.
Во поликлиниката „Д-р Органџиски” се извршуваат сите дијагностички и терапевтски дејности во доменот на доболничката помош.

За Нас

Во текот на нашето постоење, целосно сме посветени на проблемите со зачнувањето, при што го достигнавме врвот во областа на стерилететот со отворањето на одделот за ин витро оплодување. Ин витро лабораторијата е суштинскиот дел од биомедицинско потпомогнатото оплодување. Вашето идно бебе ќе ги помине своите први денови во грижливите раце на нашите ембриoлози.

Зад поликлиниката „Д-р Органџиски“ стојат 25 години огромно искуство, упорна работа и безброј успешни и забележливи резултати.