Ана Тодосиевска

Ана Тодосиевска

менаџер за финансии

СпецијалностЕкономија
Области на Експертиза
  • Финансиски контролинг
  • Финансиска анализа
  • Стратешко планирање и буџетирање

М-р Ана Тодосиевска – Менаџер за финансии во Специјална болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ – Штип. Искусен финансиски и бизнис аналитичар со повеќе од петнаесет години работно искуство во финансискиот сектор. Во 2004 година дипломира на Економски Факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски “- Битола, отсек меѓународна економија, а подоцна магистрира со просек 10.00 на Економскиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на катедрата за Финансиско известување и ревизија. Својата кариера ја започнува во 2005 година во ПроКредит Банка А.Д. Скопје на позиција Kредитен аналитичар за подоцна да биде промовирана на позиција Kредитен координатор. Во 2015 година кариерата ја надоградува во Комерцијална Банка А.Д. Скопје – Сектор за работа со население. Во 2017 година се приклучува кон тимот на Охридска Банка А.Д. Скопје на позиција – Соработник за односи со правни лица каде главен фокус е промоција и продажба на банкарски услуги и анализа на финансиски извештаи на компаниите. Со спојувањето на Охридска Банка А.Д Скопје и Шпаркасе Банка А.Д. Скопје кариерата ја продолжува во Шпаркасе Банка на позиција Account Manager.
Поседува меѓународна диплома за Финансиски Контролер издадена од Академијата за банкарство и информатичка технологија во Скопје.
Поседува сертификат за завршена обука по сметководство од ПКФ Нова Консалтинг Скопје. Сертификат за завршени обуки за: лидерски вештини, финансиска анализа, стратешко планирање и буџетирање. Главен фокус и поле на интерес ѝ се: стратешко планирање и буџетирање, финансиска анализа, финансиско известување и финансиски контролинг. Нејзината мисија е преку правилно менаџирање на трошоците да се постигнат најдобри резултати што ќе овозможат врвни услуги на пациентите по конкурентни цени.

Skip to content