Др.Дончо Москов

Donço Moskov

Prim. Dr. Donço Moskov

Specialiteti 
Fushat e ekspertizës 

На медицинскиот факултет во Скопје дипломира во 1980г. Специјализира во 1992г на гинеколошко- акушерска клиника во Скопје. По завршувањето на специјализацијата продолжува со работа во општа болница во Струмица на гинеколошко-акушерско одделение. Во текот на работењето во општата болница продолжува со континуирана едукација во областа на гинекологија и акушерство со постепено усовршување и во областа на перинатологија и оперативна гинекологија. За таа цел, покрај следење на конгреси и симпозиуми во Македонија, зема активно учество во едукацијата и усовршувањето во повеќе центри и во Европа како што се Германија, Италија , Бугарија и Турција. Паралелно со тоа учествува активно и на Европски конгреси по перинатална медицина со свои трудови за што во 2007год. ја добива титулата – Примариус. Во текот на долгогодишното раководење на одделот за гинекологија и акушерство во општа болница Струмица има воведено техника за царски рез ( Техниката се нарекува МИЗГАВ – ЛАДАХ)што исклучително се имплементираше во делот на перинатологија, како и некои надградувања во областа на оперативна гинекологија. Во период од 2010г – 2012г одделението под раководство на д.р Москов било вклучено во проект на УНИЦЕФ “Болници – пријатели на бебињата “ при што комплетно се реновира целокупното одделение, се добива нова апаратура за перинатологија, а како предуслов за учество во тој проект е успешата работа на перинатологијата предводена од др.Москов. Од март 2024г започнува со работа во Специјализирана болница за гинекологија и акушерство – Др. Органџиски.

Skip to content