Др. Никола Ќулафковски

Prim. Dr Nikolla Qulafkovski

Prim. Dr. Spec. Pediatër

SpecialitetiPediatria
Fushat e ekspertizësPediatria

   Доктор Никола Ќулафковски е специјалист педијатар со огромно искуство.
Завршува Општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 год.
2002 година му е стажантска година и истата година положува државен испит.
Поседува ,,Beruferlaubnis” (работна дозвола) за престој и работа во Детската клиника во Нирнберг, Германија (2014 – 2016).
Специјализира на Педијатрија на Медицински факултет – Скопје и го положува специјалистичкиот испит по Педијатрија.
Работно искуство:
Специјалист Педијатар на Детско одделение во Општа болница-Велес (март 2022 – јули 2023); Специјализант по Педијатрија на УК за Детски болести во Скопје (2016 – 2022); Секундарец на Детско одделение во Општа болница – Велес (2015 – 2016); Gastarzt (Доктор гостин) во Детската клиника во Нирнберг, Германија (2014 – 2015); Доктор во Службата за имунизација на деца и развојно советувалиште во Здравствен дом – Велес (2007- 2014); Матичен доктор во селата во околината на Велес во Службата за општа медицина, Медицински центар – Велес (2005 – 2006); Доктор во Службата за Итна медицинска помош во Медицински центар – Велес (2002 – 2004); Стажант во Медицински центар – Велес (2001-2002).
Семинари и конгреси:
Учесник на Педијатриска школа во Златибор, Србија (2017); 
Учесник на ,,Salzburg Open Medical Seminare” за Педијатриска имунологија и алергологија, Салцбург, Австрија (2017); 
Учесник на Форумот за ретки болести (Cystinosis), Виена, Австрија (2016); 
Учесник на повеќе конгреси во Македонија, Србија и Бугарија со сопствени теми (2002 – 2014).
Проекти:
Доброволна работа на повеќе проекти на различни теми и тоа: СИДА, зависности, Превенција на бременост итн.
Членства:
Член на Црвен крст и Црвена полумесечина на Македонија; 
Член на ЛКМ, Претседател на општинскиот огранок на ЛКМ за Велес (2013 – 2017);
Член на Баварска лекарска комора (2014 – 2015);
Доктор спец. педијатар Никола Ќулафковски е клучен дел од нашиот тим.

Skip to content