Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757
Ивана Манчева

Ивана Манчева

инструментарка

Специјалност 
Области на Експертиза

 

Ивана Манчева е дипломирана медицинска сестра и специјализирана инструментарка.
Завршува средно Медицинско училиште во Штип (2006).
Дипломира на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје на Медицински факултет – Висока здравствена школа (2009). Завршува специјалистички студии на универзитетот Гоце Делчев – Штип Факултет за медицински науки – ВЗШ (2012). Од 2008 до 2015 година, уште како студентка, започнува соработка со ,,Bayer Healtcare Bayer Schering Pharma” каде е ангажирана како надворешен соработник за работа со пациентите со Multiple Sclerosis.  Во 2010 година, преку проектите на Министерствата и USAID со СОУ ,,Јане Сандански” – Штип, работи како инструктор за регулирање и изведување практична настава на учениците во Клиничка Болница – Штип. 2011-2012, волонтира во Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Во Клиничка болница – Штип работи повеќе од 11 години и тоа:
2012-2016, инструментарка во Хируршки операциони сали;
2016-2018, Одговорна сестра на Р.Е. Хируршки болести;
2018-2023, Одговорна сестра на Р.Е. Максилофацијална хирургија, а паралелно и инструментарка во оперативен блок. Во 2015 год. се стекнува со право да спроведува надворешно оценување на болниците во постапка за акредитација. Назначена за надворешен оценувач со сертификат и лигитимација од Медицински факултет – Скопје и Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи.
Член на:
Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи; Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РСМ; Асоцијација за дезинфекција и стерилизација на Македонија; Асоцијација за афирмација на здравствени работници со специјализација на РСМ, АЗРС – Скопје; Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки – Штип; ЗА НАС – Здрушение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија.
Има добиено:
Пофалница од Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки – Штип и бројни сертификати за учество на стручни средби, регионални, државни и меѓународни конгреси. Под менторство на проф. д-р Емилија Јаневиќ Ивановска работи, изработува и публикува свој специјалистички труд. Објавен специјалистички труд во Списанието ,,Медикус” – информативен гласник на јавното здравство, Штип.

Skip to content