Успешно спроведена Втора крводарителска акција во Болница ,,Д-р Органџиски” – Штип по повод 32 години постоење на ПЗУ Д-р Органџиски.
Собрани се 28 крвни единици, исклучителен интерес за крводарување, од кои сме пријатно изненадени. Ова е недела на хуманоста по повод 32 роденден на ПЗУ ,,Д-р Органџиски”
Вработени во Болницата, надворешни соработници, студенти од Медицинскиот факултет при УГД – Штип, хумани граѓани од Штип беа само дел од крводарителите.
Поводот за крводарителската акција е празничен, роденденски, а целта – хумана.
Свесноста за општиот бенефит од крводарителската акција е огромна.
Како волонтери во Крводарителската акција беа вклучени и студенти од Медицинскиот факултет при УГД, како и членови на ФСС и СОМА.
Голема благодарност и до СОУ – Јане Сандански Штип за соработката и учеството во крводарителската акција.