Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Колпоскопски преглед за откривање преканцерози на грлото на матката

Колпоскопија

  • Колпоскопија е преглед на вагината и грлото на матката со помош на посебен микроскоп кој има зголемување за 10 – 20 пати и се прави во тек на гинеколошки преглед. Со овој преглед може подобро да се видат некои промени на грлото на матката и вагината.
  • Колпоскопија може да се направи во тек на секој гинеколошки преглед или кога има индикација за тоа ( промени на грлото на матката, доколку имате крварење после сексуален однос или после наод од ПАП тест за кој е потребено дополнително испитување ). Други индикации за колпоскопија се кондиломи на генитални органи, воспалителни промени на грло на матка, полипи на грлото на матката, необјаснети крварења.

Како се прави колпоскопијата?

  • Самата колпоскопија е потполно безболна и трае помеѓу пет и десет минути. Започнува со поставување на вагинален спекулум и се гледа на екран дали има промени, потоа се нанесува раствор на оцетна киселина па следи нанесување Луголов раствор. При нанесувањето на овие раствори може да осетите благо пецкање. После секој раствор, грлото се гледа на екран дали има промени за кои е потребно дополнително испитување. Ако се видат промени кои се сомнителни, од тоа место се зема материјал за поставување на точна дијагноза – целна биопсија на грлото на матката.
  • Се зема мал дел на ткиво со специјален инструмент и се испраќа за хистопатолошка анлиза. Биопсијата трае кратко, ќе осетите благо пецкање и има оскудно крварење. Темен исцедок може да имате неколку дена после биопсија.
Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Skip to content