Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Породување со царски рез

Што ќе ви се случува во операционата сала во текот на царскиот рез?

  • Што ќе ви се случува во операционата сала во текот на царскиот рез?
  • Што ќе видите, слушнете и почувствувате?
  • За колку време ќе се роди вашето дете и кога ќе можете да го видите?
  • Колку време ќе поминете во операционата сала и што следува после тоа?
  • Ова се само дел од прашањата, кои си ги поставувате.

Добредојдовте во операционата сала!

  • Кога од некоја причина од страна на плодот или мајката раѓањето не може да се заврши успешно по нормален пат, се прави царски рез.
  • Царскиот рез подразбира породување на плодот низ инцизија, направена на предниот абдоминален ѕид на мајката (лапаротомија) и инцизија низ ѕидот на матката (хистеротомија).
  • Царскиот рез може да биде планиран (елективен) или итен – во случај на настанат проблем во тек на спонтаното породување. Планираниот царски рез вообичаено се прави 7-10 дена пред веројатниот термин за породување. При повеќеплодова бременост или при други медицински индикации, царскиот рез може да се закаже и порано.

На денот на операцијата ќе ви биде направена предоперативна подготовка која вклучува:

  • Тоалета;
  • Ставање клизма;
  • Облекување на болничка пижама;
  • Поставување на интравенска линија;
  • Поставување на уринарен катетер;
  • Ставање на анестезија;
  • Подготовка на оперативното поле.

Основни факти за породување со царски рез

  • При царски рез, бебето се раѓа околу 5-10 минути од почетокот на операцијата. Истиот се изведува од операторот внимателно и на начин, кој до одреден степен го имитира поминувањето на бебето низ природниот родилен канал. Вие нема да почувствувате болка, но може да почувствувате влечење или притисок при излегувањето на бебето.

  • Специјализираната болница за гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ располага со операциони сали, опремени со врвна апаратура со главна цел – постигнување на максимална безбедност за нашите пациентки и за новороденчињата.

  • По породувањето со царски рез, ќе бидете сместени во Одделот за интензивен надзор (6 до 24 часа по проценка на анестезиологот), кој исто така е опремен со врвна апаратура за интензивен мониторинг на пациентките.

  • По завршувањето на оваа фаза, ќе бидете сместени во една од вип – собите на одделение.
Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Skip to content