Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Акушерство

Акушерството е насочено на бременоста, породувањето и постпарталниот период. Како медицинска специјалност, акушерството е комбинирано со гинекологија во дисциплината позната како акушерство и гинекологија (OB/GYN), која е хируршка област.

 Бременост и породување

  • Рана дијагноза и пратење на бременост
  • Ултразвучен и биохемиски скрининг на аномалии (PRISCA)
  • Сите видови на ултразучен преглед 2D, 3D, 4D , 5D ултразвук
  • 5Д и колор доплер ултразвук
  • Предродилни подготовки
  • Дијагностицирање и следење на високоризичните бремености со можност за хоспитализација
  • Пренатални инвазивни интервенции (амниоцентеза, хорионбиопсија, кордоцентеза, ембрионредукција)
    Кардиотокографски запис (ЦТГ)
  • Породување (спонтано породување, спонтано породување со епидурална анестезија и аналгезија, породување со царски рез), со можност за присуство на најблиските на чинот на рагање
  • 24 часа грижа за родилките и новородените

За да можете правилно да одредите во која недела од бременоста сте во моментот, важно е да го знаете датумот на вашата последна менструација. Првиот ден од последната менструација, односно последниот циклус, се смета за прв ден од бременоста. Тоа е и првиот ден од првата недела од бременоста. Од тоа произлегува дека неделите од бременоста се пресметуваат на следниов начин:

  • Прва недела од бременоста: првите 7 дена; од 0+1 до 0+7 (недела + ден)
  • Втора недела од бременоста: од првиот ден по првата недела, потоа следните 7 дена; од 1+1 до 1+7 (недела + ден)
  • Трета недела од бременоста: од првиот ден по втората недела, потоа во следните 7 дена; од 2+1 до 2+7 (недела + ден)
  • Четврта недела од бременоста: од првиот ден по третата недела, потоа во следните 7 дена; од 3+1 до 3+7 (недела + ден)
  • Петта недела од бременоста: од првиот ден по четвртата недела, потоа во следните 7 дена; од 4+1 до 4+7 (недела + ден)
  • И така, до 42-та недела од бременоста.

Зошто е важно да го знаете периодот на бременост?

За да се обезбеди здрав раст и развој на вашето бебе од самиот почеток на бременоста, важно е да знаете дека сте бремени. Знаејќи го ова, трудницата почнува да спроведува здрави животни стилови, пред сè се прилагодува исхраната и внесот на суплементи прилагодени на состојбата.

На самиот почеток на бременоста, многу е важно трудницата да има оптимално ниво на фолати (витамин Б9) во телото. Фолната киселина придонесува за нормална синтеза на аминокиселини, раст на мајчиното ткиво за време на бременоста и нормално формирање на крвта. Дополнителниот внес на фолна киселина го зголемува нивото на фолати кај мајката. Ниското ниво на фолати кај мајката е фактор на ризик за оштетување на невралната туба кај фетусот. Препорачуваме активен фолат со активни форми на витамин Б12.

Прочитај повеќе

Skip to content