Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Лабораторија

Дијагностичка биохемиска лабораторија

  • Приватната здравствена установа Специјализирана болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ – Штип, меѓу другото, располага и со дијагностичка биохемиска лабораторија.
  • Лабораторијата располага со висококвалификуван кадар, како и со најсовремена лабораториска опрема од индустриските лидери „Roche Diagnostics“.
  • Изработува огромен број на тестови што се достапни како за пациентите на болницата, така и за сите оние кои имаат потреба од лабораториски услуги.
  • Лабораторијата нуди широк спектар на тестови, од рутински тестови до најсофистицирани тестови за напредна дијагностика и персонализирана медицина, покривајќи ги сите главни области на клиничката патологија, меѓу кои: хематологија и хемостаза, биохемија и имунохемија, туморски маркери, имунологија на алергии и автоимуна болсети, молекуларна биологија и хумана генетика и многу други.
  • Лабораторијата нуди и земање на хуман биолошки материјал во домашни услови и други специфични услови, подготовка за транспорт и транспорт на хуман биолошки материјал во и вон Републиката, консултации за пациенти и за клиенти, микробиолошки и паразитолошки тестови со класични и молекуларни методи, како и специфични и ретки испитувања во соработка со експертски лабораториски центри од Групацијата СИНЛАБ во Македонија и ширум Европска унија.

Што нуди нашата лабораторија?

Точно дијагностичко тестирање: најсовремена лабораториска опрема; висококвалификуван кадар  специјализиран за широк спектар на дијагностички тестови; иновативни методи на лабораториска медицина. Брзи резултати:

  • Бидете сигурни дека ќе добиете точни резултати навремено!
  • Практични услуги:
  • Во нашата лабораторија, сега можете практично да ги правите повеќето од вашите дијагностички тестови на лице место.
  • Експертска грижа:
  • Нашиот тим од квалификувани лабораториски професионалци вредно работи за да обезбеди највисоко ниво на точност и прецизност на сите извршени тестови, обезбедувајќи Ви сигурни и доверливи резултати!
  • Сеопфатен опсег на тестови:
  • Лабораториски услуги од рутински тестови на крвта, микробиологија до најсофистицирани тестови за напредна дијагностика и персонализирана медицина.

SYNLAB – Квалитетна услуга насекаде, во секое време, во 36 земји на 4 континента

  • SYNLAB нуди целосен опсег на медицински дијагностички услуги за лекари, клиники и пациенти.
  • Групацијата SYNLAB е неприкосновен лидер на европскиот пазар за лабораториски услуги за хумана медицина. SYNLAB особено се фокусира на имплементација на иновативни методи на лабораториска медицина и на вмрежување на специјализираните дијагностички центри на компетенции (SYNLAB Centres of Excellence).
  • SYNLAB поседува дополнителни лаборатории (стратешки деловни единици) во поединечни земји за ветеринарна медицина. Ова портфолио на услуги е заокружено со стручни медицински центри за снимање, дневни клиники и амбулантски услуги во одредени земји. Групата тесно соработува со истражувачки институции и универзитети и исто така одржува сопствена образовна институција, SYNLAB Academy.
  • Synlab.mk
Skip to content