Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757

Првото бебе во Штип, родено во Болница Д-р Органџиски / Hospital Dr. Organdziski, минута по полноќ, на ден 1.1.2025 година.
Среќната мајка Стефанија и малиот храбар борец, денес беа посетени од Градоначалникот на Општина Штип, г. Иван Јорданов, директорот на Болницата, д-р Стојан Oрганџиски, операторите, д-р Органџиска Верица и д-р Кирчо Шумански, медиумски екипи, останати претставници од нашиот менаџерски и стручен тим и наши соработници.

Ваучер за бебето од Градоначалникот и подарок, подароци од Болницата, се само мал сегмент од вниманието упатено кон првото бебе во 2025 година во Штип.

Мајката и бебето се во одлична здравствена состојба.
Радоста е очигледна.
Радоста се множи кога се дели.
Заедно шириме радост.
Заедно создаваме иднина.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content