Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757
Успешно извршивме сложена операција на 70 годишна пациентка – Посветеност и врвна грижа за нашите пациентки.

Во нашата болница „Др Органџиски“ секојдневно се трудиме да обезбедиме врвна медицинска грижа и да помогнеме на пациентите да го подобрат квалитетот на животот.

Горди сме што успешно извршивме вагинална хистеректомија што значи отстранување на матка преку вагината без оперативен рез и корекција на цистоцела, оперативно ја подигнавме бешиката поради испуштање на мокрача кај 70-годишна пациентка со многубројни хронични болести, со што и овозможивме значајно олеснување и подобрување на здравјето и квалитетот на живот.

Операцијата ја изврши гинеколог – акушер Д-р Кире Шумански, гинеколог – акушер Д-р Ристе Бочваров, анестезиолог – реаниматор Прим. Д-р Катица Јанева, анестетичар Николина К. Јорданова и инструментарка Благица С. Тенева.

Оваа операција е особено сложена кај повозрасни пациентки, но благодарение на нашиот искусен тим, современите хируршки техники и внимателната постоперативна нега, пациентката се чувствува добро и закрепнува без компликации.

Нашата мисија е јасна – да им пружиме најдобра можност за здрав и удобен живот на сите наши пациентки.
Благодариме за довербата!

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content