Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757
Со голема радост ја споделуваме успешната приказна на нашата 30-годишна пациентка, која по првиот ин витро обид во нашата болница остана бремена! По претходен неуспешен обид во друга клиника, таа ни ја довери својата надеж, а нашиот тим на врвни ембриолози, доктори и специјалисти дадоа сè од себе за да ѝ помогнат да ја исполни својата најголема желба – да стане мајка.

Нашиот успех е резултат на посветена работа, напредни технологии и индивидуален пристап кон секој пациент. Горди сме што уште еднаш докажавме дека со знаење, труд и внимание, можеме да направиме разлика во животите на нашите пациенти.

Честитки до нашата пациентка! Ние остануваме посветени на нашата мисија – да носиме среќа и нов живот на сите кои ни ја доверат својата приказна.

Во секој предизвик гледаме шанса да покажеме дека љубовта кон човекот е најсилната алатка во медицината.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content