Нашиот тим на гинеколози, Д-р Стојан и Д-р Верица Органџиски, заедно со нашите врвни ембриолози Емилија Миовска и Анѓела Мицова, постигнаа уште еден прекрасен резултат!
Пациентка со неплодност од пет години, тешка форма на полицистични јајници, отсуство на плодни денови и сопруг со тежок облик на Oligoastenozoospermia – силно намалена оплодителна способност на семето, успешно забремени благодарение на нашата експертиза и посветеност.
Резултат: Првата ин витро процедура во нашата болница заврши со создавање на 5 бластоцисти, а трансферот на два бластоцисти резултираше со позитивна бременост со два ембриони и потврдена срцева акција.
Нашиот тим е тука за вас, за секоја успешна приказна и секоја нова надеж. Продолжуваме со нашата мисија – да ви помогнеме да ја остварите вашата најголема желба!