Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757
50%, раст на породувањата во нашата болница, огромен успех. Со огромна радост ја споделуваме веста дека болницата „Д-р Органџиски“ забележа значителен пораст на бројот на раѓања во 2024 година, во споредба со 2023 година со огромни 50 %!

Во време кога наталитетот во државата бележи остар пад, нашата болница е можеби единствената во Македонија што може да се пофали со ова достигнување.

 

Овој успех е заслуга на нашиот тим од врвни професионалци, кои секојдневно обезбедуваат идеални услови за породување, без разлика дали е нормално или со царски рез. Благодарение на нивната посветеност и беспрекорната грижа за родилките, сè повеќе семејства ја избираат нашата болница за најважниот ден во нивниот живот.

 

Новата година ни донесе прекрасно изненадување! На само една минута по полноќ на 1 јануари 2025 година, во болницата „Д-р Органџиски“ беше родено првото бебе за оваа година – здраво и полно со живот машко бебе со тежина од 3430 грама и должина од 51 см. Градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов, го посети нашиот најмлад жител и ја поздрави храбрата мајка Стефанија со топол подарок, ваучер и цвеќе.

 

Нека ова бебе биде симбол на надеж, љубов и нови почетоци за сите нас!

 

Во блиска иднина болницата „Д-р Органџиски“ има амбициозни планови за уште поголем напредок.
Нашите главни приоритети се: Отворање ново одделение за неонатална интензивна нега, со најсовремена опрема за грижа за најмладите. Проширување на капацитетите за породилиштето бидејќи во повеќе наврати сме го исполниле целиот капацитет.
Организирање бесплатни обуки и едукативни програми за идните родители.

Продолжување со воведување на најнови медицински техники и технологии, за да им обезбедиме најдобра можна грижа на сите наши пациенти како и досега следејќи ги сите најнови трендови.
Со заеднички напори, уверени сме дека ќе ја продолжиме успешната приказна на нашата болница и ќе бидеме пример за врвна медицинска услуга во земјата!
Специјализирана болница за гинекологија и акушерство Д-р “Органџиски”.
Болница што влева верба во иднината.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content