Во време кога наталитетот во државата бележи остар пад, нашата болница е можеби единствената во Македонија што може да се пофали со ова достигнување.
Овој успех е заслуга на нашиот тим од врвни професионалци, кои секојдневно обезбедуваат идеални услови за породување, без разлика дали е нормално или со царски рез. Благодарение на нивната посветеност и беспрекорната грижа за родилките, сè повеќе семејства ја избираат нашата болница за најважниот ден во нивниот живот.
Новата година ни донесе прекрасно изненадување! На само една минута по полноќ на 1 јануари 2025 година, во болницата „Д-р Органџиски“ беше родено првото бебе за оваа година – здраво и полно со живот машко бебе со тежина од 3430 грама и должина од 51 см. Градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов, го посети нашиот најмлад жител и ја поздрави храбрата мајка Стефанија со топол подарок, ваучер и цвеќе.
Нека ова бебе биде симбол на надеж, љубов и нови почетоци за сите нас!
Продолжување со воведување на најнови медицински техники и технологии, за да им обезбедиме најдобра можна грижа на сите наши пациенти како и досега следејќи ги сите најнови трендови.