Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757
viber_image_2024 09 16_12 13 47 020

Миле Тантуровски

доцент. Д-р, гинеколог акушер (соработник)

Специјалност 
Области на Експертиза 

Миле Тантуровски е роден на 23.03.1982 година во Скопје, РМ. Дипломира на Медицинскиот факултет, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2006 година со просечна оценка 9,67. Во 2007 година запишува специјализација по гинекологија и акушерство. Специјалистичкиот испит го положи cum laude во 2012 година. На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушество се вработува во 2011 година. Испитите од втор циклус на студии ги положил со среден успех 10,0, а во 2014 го одбранил магистерскиот труд од областа на гинекологија и акушерство – гинеколошка онкологија, на тема “Евалуација ултразвучниот Pelvic Mass Score, во предикцијата на малигнитетот на пелвичните маси” при Медицински факултет, УКИМ, Скопје со што се стекнува со звање магистер на медицински науки. Во учебната 2015/2016 кандидатот се запишал на трет циклус студии – докторски студии, област клиничка медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Докторската дисертација на тема „Детерминанти кои влијаат на квалитетот на живот по дијагноза и хируршки третман кај гинеколошко-онколошки пациентки “ ја одбранил на 10.12.2020 година .

Професионалната кариера на д-р Миле Тантуровски започнува во 2006 година, кога по исполнувањето на обврските од лекарскиот стаж, започнува со волонтерска работа на Универзитетската клиниика за гинекологија и акушерство.

По завршување на специјализацијата, работи како лекар специјалист на одделението Родилни сали во периодот 2012-2014. Од Септември 2014 е префрлен на одделот за гинеколошка онкологија, каде работи и денес. Во 2019 година запишува субспецијализација по хируршка гинеколошка онкологија, а субспецијалистичкиот испит го положил во Април 2021 со што се стекнал со звање субспецијалист по гинеколошка хируршка онкологија. Во Ноември 2015 година е избран за асистент на Катедрата по гинекологија и акушерство,Медицински Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во Мај 2020 е резибран за асистент на истата катедра. Во Мај 2021 година е избран за доцент на Катедрата по гинекологија и акушерство,Медицински Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Во рамките на наставно-образовната дејност на УКИМ, Медицински факултет, кандидатот доц. д-р Миле Тантуровски изведува теоретска практична настава за студенти по општа медицина на прв циклус студии на студиската програма по предметите: Гинекологија и акушерство, Клиничко испитување (иследување), Гинекологија и акушерство – клиничка пракса од 2015 година.

Кандидатот активно учествува во едукацијата на специјализантите, едукатор по гинекологија и акушерство, турнус- гинеколошка онкологија.

Skip to content