Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757
Др.Јордан Манасиевски

Јордан Манасиевски

Д-р, спец. педијатар-неонатолог

СпецијалностПедијатрија-неонатологија
Области на Експертиза
  • Педијатрија
  • Неонатологијa

   Доктор Јордан Манасиевски е врвен специјалист по неонатологија.
Доктор – педијатар со непроценливо искуство во европските клиники во Германија, Србија, Словенија. Има работено на Одделението за неонатологија во Минхен, Германија, на Државниот оддел во Гармиш – Партенкиркен. Последниве две години и четири месеца има работено во Марибор, Словенија. По завршувањето на средното образование се запишува на Медицински факултет во Скопје, а студирањето го завршува на Медицинскиот факултет во Белград каде и дипломира. Како еден од најдобрите студенти на Медицинскиот факултет во Белград, е задржан да се вработи на Детската клиника во Белград, а потоа по потреба работно го ангажираат и во Приштина.
   Завршува специјализација во рекордно време со највисок просек (1991), а потоа завршува и субспецијалистички студии (1998). Магистрира на Медицинскиот факултет во Крагуевац во 2004 година. Докторат од областа на неонатологијата во рамки на Клиничко болнички центар – Љубљана. Неговото стручно доусовршување се реализира во Словенија и во Италија. Со големо задоволство и со посебна чест се вработува во Болницата „Д-р Органџиски“ – Штип, која прераснува во водечка приватна здравствена установа од областа на гинекологијата и неонатологијата во Македонија и пошироко.

Skip to content