Д-р Стојан Органџиски долгогодишен специјалист по гинекологија и акушерство – директор на Специјалната болница по гинекологија и акушерство Д-р Органџиски.
Лекар докажан со дела и многубројни успеси во својата професија со чија помош се создадени стотици нови животи, лекар што пациентот го поставува пред се и над се секогаш подготвен да помогне, да го жртвува својот приватен живот се со цел да ја оствари својата животна цел да се родат колку што може повеќе бебиња.
Животот го посветува на лекувањето брачна неплодност со што во 2008 година е најмладиот специјалист по репродуктивна медицина во Македонија. Темелите на своето знаење ги добива од својот татко Примариус Д-р Ванчо Органџиски. Медицински факултет со специјализација по гинекологија и акушерство завршува во Софија под раководството на најдобрите професори: Караѓазов, Доганов, Иванов, Чернев, Налбански, Ангелов, Славчев, Мазнејкова, столбови на бугарската гинекологија и е отценет уште како специјализант за лекар со голема перспектива. Најголем дел од специјализацијата ја поминува во одделите на родилна сала, оперативна гинекологија и одделот за брачна неплодност. Со Професор Д-р Божидар Славчев учестува во најсложните гинеколошки операции понекогаш со траење на повеќе од 12 часа.
Субспецијализација по репродуктивна медицина и ин витро оплодување и сите вештини во оваа област ги добива од професор Штерев првиот гинеколог што успеал да го добие првото бебе од ин витро процедура и ембриолог Димитар Баров кој е првиот ембриолог што го зачнале првото бебе во Р. Бугарија заедно со професор Штерев. Потоа своето знаење го надоградува од светски познатите ембриолози Алфред и Татјана Книевалд што го имаат добиено првото бебе во Германија од криопрезервирани ембриони во Ерланген Германија и помогнале во формирањето на над 26 ин витро центри по целиот свет. Посетува многубројни светски конгреси во Европа и постојано го надоградува своето знаење. Заедно со Д-р Верица Органџиска негова сопруга се најдобрите хистероскописти на хистероскопска обука организирана од европското здружение за хистероскопија каде има учесници од цела европа со претседател Бранка Зегура и го освојуваат првото место. Ги владее сите дијагностички методи колпоскопија, гинеколошки ултразвук и фетална морфологија. Ги поседува сите човечки квалитети човечност, добрина, трпение, разбирање. Професор Иванов раководител на најголемата болница по гинекологија и акушерство во Бугарија, Софија Мајчин дом најголемата и престижна гинеколошко акушерска болница дава мислење во тоа време за Д-р Стојан Органџиски. Од тогаш до сега поминале речиси 20 години.
За време на специјализацијата Д-р Стојан Органџиски покажа одлична работна дисциплина, одговорност кон клиничките задолженија, упорност и истрајност при совладување на практичните умеења. Вклучувајќи се активно во терапевтската и административна работа во различните болнички клиники Д-р Стојан Органџиски се утврди како амбициозен и свесен млад лекар со одлични можности за адаптација и работа во колектив. За време на специјализацијата се здоби со длабоки теоретски знаења што успешно ги применува во пракса. Со пациентите се однесува со неопходната човечност, со која ја добива безрезервната доверба од пациентите.
Сметам дека Д-р Стојан Органџиски се справи одлично со задачите на специјализацијата, ќе ја оправда укажаната доверба и ќе се развие во перспективен и успешен професионалец. Неговите резултати не се случајни. Затоа неговата девиза за успех што стои гордо испишана во болницата е:
НАЈДОБАР НАЧИН ДА ЈА ПРЕДВИДИТЕ ИДНИНАТА Е САМИТЕ ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ!
Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето корисничко искуство додека се движите низ веб-страницата. Од нив, колачињата кои се категоризирани како неопходни се зачуваат на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за работа на основните веб функционалности