Магистер по фармација, Емилија Караѓозова Стојков, Раководител на Болничка аптека во Специјализирана болница по гинекологија и акушерство ,,Д-р Органџиски” – Штип.
Дипломира на Универзитетот ,,Гоце Делчев” – Штип на Факултетот за медицински науки – магистер по фармација, 2014 година. Го положува државниот испит и се стекнува со лиценца за работа во 2015 год. за самостојно вршење на фармацевтската дејност со што станува и член на Фармацевтската комора на Македонија. Перманентно и континуирано, стручно се усовршува и едуцира, учествувајќи на конгреси, работилници, семинари, вебинари и стручни предавања од областа на фармацијата. Поседува европски сертификат по компјутерски вештини ECDL Core, како и активно познавање на англиски јазик. Има волонтирано во ЈЗУ Клиничка болница – Штип, Болничка аптека. Има работено како професор во СОУ ,,Јане Сандански” – Штип, предавајќи повеќе фармацевтски стручни предмети. Има работено во повеќе приватни аптеки во Штип, со што се има стекнато со големо работно искуство во областа на аптекарската дејност.
Има учествувано на повеќе семинари и работилници како што се: Петтата конференција за интелектуална сопственост во фармацевтската индустрија, Скопје 2017 год.; Безбедност на пациентите во болничка пракса; Комуникација со пациенти во аптека за вакцинација против Ковид 19 и многу други.
Поседува сертификати за учество од Националниот фармакоинформативен центар.
Има објавено статии и трудови во Списанието ,,Медикус” – информативен гласник на јавното здравство, Штип (Употреба на адитивите во прехранбените производи).
Има учествувано на Седмиот конгрес по фармација во РСМ со меѓународно учество, ,,Современи трендови во фармацијата, можности и предизвици”.
Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето корисничко искуство додека се движите низ веб-страницата. Од нив, колачињата кои се категоризирани како неопходни се зачуваат на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за работа на основните веб функционалности