Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757
Др.Киро Чурлинов

Киро Чурлинов

Прим. Д-р, спец. aнестезиолог – реаниматолог

СпецијалностАнестезија-реанимација
Области на Експертиза
  • Анестезија
  • Реанимација
  • Интензивно лекување

Со 20 годишно работно искуство во ГАК – гинеколошко акушерска клиника Скопје. Д-р Киро Чурлинов е роден во Подгорица на 02. 01.1967год. Основно и средно гимназиско образование завршува во Скопје. На медицинскиот факултет во Скопје се запишува во 1985год. а дипломира во 1992год. Од 1994-1996год. работи во неколку примарни, приватни здравствени ординации во Скопје и Куманово, а од август 1996 – мај 2000 година е член на лекарски комисии за боледување и продолжена медицинска рехабилитација. Специјализацијата по анестезиологија, реанимација и интензивно лекување ја започнува во октомври 2000 год., како вработен во Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство, а истата ја завршува во 2004год., кога и се стекнува со назив специјалист по анестезиологија со реанимација и интензивно лекување. Во 2014год. бил на едукација во Рим (Италија), во период од 1 месец. Во април 2016год. се стекнува со титула Примариус. Во период од 2012-19 година има работено како повремен и привремен хонорарен спец. анестезиолог и реаниматолог во неколку Болници во Скопје и Републиката – Кавадарци, Гевгелија, Гинекологија и Акушерство „Чаир“ , Килиника за Максило-фацијална хирургија, но и престој во Ј.З.У. О.Б. со проширена дејност Гевгелија (август 2022г. – февруари 2024г.). Од март 2024г. е вработен во специјалната болница по гинекологија и Акушерство „Д-р Органџиски“ – Штип.
Прим. Д-р Киро Чурлинов членува во ЛКМ (Лекарска комора на РСМ) член е на ЗЛАРИЛ (Здружение на лекари по анестезиологија, реанимација и интензивно лекување) и е член во ЕSА (Европско здружение по анестезиологија). Има учество на семинари, обуки, научни собири и конференции. Автор и коавтор е на бројни трудови, кои ги презентирал во Земјава и во странство. Учествувал честопати и како поканет предавач на интернационални конгреси

Skip to content