Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757
igor aluoski

Игор Алуоски

проф. Д-р, гинеколог акушер (соработник)

Специјалност 
Области на Експертиза 

Проф. Д-р Игор Алулоски роден е на ден 17.10.1972 год. во Скопје, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Скопје. Се запишал на медицинскиот факултет во Скопје во учебната 1991/92 год. Дипломирал на ден 28.11. 1997 год. Се среден успех на студирање 9.00. Стручниот испит го положил во 1999 год. со што се стекнал со лиценца за работа. Истата година отпочнал со последипломски студии по Гинекологија и акушерство кои се замрзнати за времетраење на специјализацијата. Од 05.05.2000 год. Д-р Игор Алулоски е вработен на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство-Скопје, а специјализација по специјалноста Гинекологија и акушерство започнал на 15.02.2001 год. Специјалистичкиот испит го положил на ден 04.05.2005 год. со што се стекнал со звањето Специјалист гинеколог акушер. Од денот на специјализацијата во наредните 4 години работел како специјалист гинеколог акушер на одделението за Оперативна гинекологија и гинеколошка онкологија како одделенски доктор, а од Април 2009 год го продолжил своето работно искуство на одделението за хумана репродукција и ендоскопска хирургија. Од 23.11.2009 година Ас. Д-р Игор Алулоски е назначен за Раководител на Одделението за Оперативен блок, акушерски сали. Од 2014 до 2018 год. избран е за внатрешен член на Управниот одбор на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство-Скопје. Од 2009 год па се до моментов работи на Одделението за Оперативна гинекологија и гинеколошка онкологија. Специјалистичка лиценца издадена од страна на Лекарската комора на Македонија од 20.04.2007 год. Обновена во 2014 год. и повторно во 2021 год. Положил Супспецијалистички испит на 12.07.2019 год. по што се стекнал со звање Супспецијалист по Гинеколошка Хируршка Онкологија. Член е на Здружението на Гинеколози и Обстетричари на Македонија (ЗГОМ), член на Управниот одбор на Перинатолошкото здружение на Македонија, член на Извршниот одбор на Здружението за Колпоскопија и цервикална патологија на Република Македонија, член на Европското здружение за Гинеколошка онкологија (ESGO) како и на CEEGOG (Central and East European Gynecologic Oncology Group). Во учебната 2010/2011 година се запишал на трет циклус (докторски) студии при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија, на студиската програма медицина-клиничка медицина со обем од 180 (сто осумдесет) бодови ЕСПБ. Студиите ги завршила во ноември 2016 година, со просечен успех 9,28. На 17.05.2018 година ја одбрани својата докторска дисертација под наслов: “Е-кадерин/β-катенински сигнален пат и неговата улога кај пациентки со тубарен карцином и серозен оваријален карцином во напреднат стадиум“ Во рамките на наставно-образовната дејност на УКИМ, Медицински факултет – Скопје, Проф. д-р Игор Алулоски во 2004 година е избрана за помлад асистент на Медицинскиот факултет по предметот гинекологија и акушерство, со еден реизбор во истот звање во 2008 година а во 2015 година за асистент-докторанд на катедрата за гинекологија и акушерство и во 2019 година за Доцент на Медицинскиот факултет во Скопје и од тогаш учествува активно во изведувањето на практичната настава по предметите гинекологија и акушерство, клиничко испитување и семејна медицина за студентите на Медицинскиот факултет, како и во клиничката практика за специјализантите по гинекологија и акушерство. Во 2024 година избран е за Вонреден Професор на Медицинскиот Факултет во Скопје.

Вработување:
Гинеколог – акушер на Универзитетската клиника по гинекологија и акушерство-Скопје (од 2000-та се до денес), во моментов работи на Одделението за оперативна гинекологија и гинеколошка онкологија
• Шеф на одделението Операциони сали и акушерски сали од 2010 год до денес
• Од 2014-2018 год. избран е за внатрешен член на Управниот одбор на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство-Скопје.
• Асистент на Медицинскиот факултет-Скопје од 2003 год.
• Доцент на Медицинскиот Факултет од 01.06.2019 год.
• Вонреден Професор на Медицински Факултет од 15.02.2024 год.
Skip to content