Денес е ден за радост и гордост! Нашиот извонреден доктор успешно ја породи неговата долгогодишна пациентка која цели 5 години се бори со неплодност и успеа преку ин витро оплодување во нашиот ИВФ центар да го оствари својот сон – да стане мајка. На свет дојдоа две прекрасни машки бебиња – здрави и силни близнаци, носејќи со себе бескрајна среќа за нивното семејство.
Овој успех не е само медицински триумф, туку и потврда за посветеноста, стручноста и човечноста на нашиот тим. Честитки до гордите родители и неизмерна благодарност до докторот и целиот медицински персонал што го направија ова чудо возможно!
Нека животот на овие мали херои биде исполнет со љубов, здравје и среќа!
Благодарност и до целиот наш тим, гинеколози- акушери Д-р Стојан Органџиски, Прим. Д-р Дончо Москов, Д-р Ристе Бочваров, анестезиолог- реаниматор Прим. Д-р Катица Јанева , анестетичар Катарина Ш. Шаклева, педијатар Прим. Д-р Никола Ќулафковски, Спец. инструментарка Ивана Манчева, медицинска сестра Татјана Панева.