Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757

Со тимот на „Д-р Органџиски“ – врвна здравствена грижа и во вашиот дом

Болницата „Д-р Органџиски“ ви нуди врвна здравствена грижа и во комфорот на вашиот дом. Доколку од која било причина, не сте во можност да дојдете во Болницата или да ги донесете вашите најблиски на лекар, ние овозможуваме дневна посета. Стручна, професионална екипа од доктор специјалист, медицинска сестра и биохемиски лаборант ќе ве посетат во вашиот дом и ќе ви овозможат да ги добиете потребните здравствени услуги.

Обезбедуваме:

  • дијагностицирање и третирање на општи состојби – ЕКГ;
  • мерење на сатурација;
  • крвен притисок;
  • поставување уринарен катетер;
  • назогастрична сонда;
  • сите лабораториски и микробиолошки тестови;
  • интрамускулна и интравенозна апликација на медикаменти и интравенозни инфузии.

Закажувањето се врши брзо и едноставно, еден ден пред домашната посета, на телефонските броеви: 078 393 757 и 032 393 757, во периодот од 08:00 до 20:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content