Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757

Гинеколошки / ултразвучен преглед

Ултразвучна вагинална сонда

За гинеколошки преглед најчесто се користи ултразвучна вагинална сонда. Обавезно треба да имате празна бешика и да се припремите исто како за гинеколошки преглед. Во вагината се поставува сонда, заштитена со презерватив и воопшто не е болно или непријатно. Прегледот може да трае 5-10 минути, во зависност од наодите.

Ако сте немале односи, или нешто не може да се види со сондата, ултразвучниот преглед може да се направи и преку стомачниот ѕид, но, за тоа е потребно да се наполни бешиката, односно, отприлика еден час пред прегледот треба да се испие 1-1,5 литри течности.

Ултразвучна мамографија

Здравјето на вашите дојки е важно, а ранaта детекција е клучот за поздрава иднина. Болнива Д-р Органџиски нуди најсовремени услуги за ехо на дојка! Без разлика дали треба да направите рутински преглед или имате загриженост за здравјето на градите, нашата напредна технологија и искусен персонал се тука! Посветени сме да ви обезбедиме најквалитетна нега и и удобност.

Зошто да нè изберете за вашиот преглед - ЕХО на дојката?

  • Најсовремена технологија;
  • искусен персонал;
  • прецизни резултати.

Не чекајте! Закажете го вашиот термин за EХO на дојка кај нас и тргнете на патување кон поздрава иднина! Карциномот на дојката е малигно заболување кај жената. Ризикот од појава на овој карцином е повисок кај жените кај кои постои можност болеста да биде наследна (доколку претходно се има јавено кај нејзината мајка или кај некој поблизок член од семејството по мајчина линија).

За да се открие некаква промена во градата пред сè неопходно е да се знае што е нормално за дојките во смисла на изглед и конзистенција. Во овој случај доколку имаме појава на некоја абнормалност и промена во изгледот, структурата, конзистенцијата, симетричноста на градата сето тоа може лесно да се забележи и воочи. Доколку се забележат промени веднаш треба да се консултира со лекар, во најкраток можен рок, без одлагање дека промета сама ќе се повлече.

 Особено жените треба да внимаваат на:

  • појава на јазли, тврди маси во дојките – јазолчињата во дојките обично се безболни,
  • оток под пазувите
  • видлива рамнина или вдлабнување на дојката, која можеби укажува на тумор кој не може да се види ниту напипа
  • секоја промена на кожата на дојката во контурата, составот или температурата на дојката, црвеникава изразена површина како кора од портокал
  • промена на брадавицата, слично на вовлечен или набран изглед, чешање и печење, или гноење или пак лупење на брадавицата
  • необичен исцедок од брадвицата кој може да биде бистар, крвав или со друга боја обично предизвикан од обични нарушувања, но можно е и како последица на рак.

 Редовната самоконтрола и редовните ултразвучни прегледи, значително ја намалуваат смртноста од рак на дојката.

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Skip to content