Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757

Хистероскопски операции

Што претставува хистероскопијата?

  • Хистероскопијата претставува поглед на внатрешниот дел на матката со помош на оптика наречена хистероскоп.
  • Хистероскопијата се применува со диагностичка цел или како хируршка метода за лекување на определени состојби.

Зошто е потребна хистероскопијата?

  • Хистероскопијата дозволува на лекарот да ја разгледа внатрешноста на матката во детали. Хистероскопот се воведува внимателно преку вагината и грлото на матката во нејзиниот внатрешен дел , а лекарот ( операторот ) го следи секое свое движење на специјални монитори. За време на хистероскопијата може да се земе и биопсија од слузницата на матката за испитување.

Хистероскопијата се користи за откривање на причината за следните симптоми како на пример:

  • Невообичаено крварење
  • Стерилитет
  • Претходни проблеми со износување на бременоста
  • И други гинеколошки заболувања

Со помош на хистероскопијата можат да бидат отстранети полипи, септуми или прегради на матката, миоми на матката кои се наоѓаат во нејзиниот внатрешниот дел.

Skip to content