Стручното усовршување за лапароскопски операции на Д-р Стојан и Д-р Верица Органџиски кај Академик Горчев, Професор Томов и Доцент Горчева.
Врвни, меѓународно признати специјалисти по лапароскопска и роботизирана хиругија, членови на скоро сите меѓународни организации кои држат предавања во Америка, цела Европа и на уште многу други места.
Академик Горчев ја воведува роботизираната хирургија за прв пат во источна Европа и голем дел од неговите операции заедно со Професор Томов ги извршуваат на робот Да Винчи.
За нас е голема чест и задоволство да се учи и превземе знаење и искуство од реномирани и признати лекари кои своето знаење го предадоа со огромна посветеност и желба на нашите лекари.