Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757

Замрзнување на ембриони и сперматозоиди

Криопрезервација

  • Криопрезервација е метод на замрзнување со цел на зачувување на ткива и клетки за подолг период од време во течен азот на темперетура од минус 196 C. Замрзнувањето на сперматозоиди се врши со помош на посебен медиум, преку таканаречен брз метод на замрзнување. Замрзнатите сперматозоиди можат да бидат замрзнати многу години без ризик да бидат оштетени. При потреба сперматозоидите се размрзнуваат по определен начин и се активират со посебни медиуми за таа намена. За разлика од сперматозоидите ембрионите се многу почуствителни на процедурата замрзнување и размрзнување. Нај често 10 – 20 % од ембрионите не преживуваат при замрзнување и одмрзнување. Затоа секогаш се замрзнуваат само ембрионите со најдобар квалитет. Една од најчестите причини за замрзнување на ембриони е кога е налице синдром на хиперстимулација и евентуална бременост силно би ја влошило здравствената состојба на жената и кога има повеќе исти ембриони со висок квалитет. Првата бременост по трансфер на ембрион претходно замрзнат е постигната 1983 година, а првото раѓање во 1985 година. Досега нема податоци дека бебињата родени по трансфер на замрзнат ембрион имаат поголем процент на малформации, т.е. бременоста од криопрезервирани ембриони е иста како и секоја друга бременост. За време на криопрезервацијата (замрзнување на ембрионите на ниски температури) престануваат сите метаболни процеси во клетките.

  • Успешноста на овој метод зависи од повеќе фактори, од кои главни се возраста на пациентката и бројот на трансферираните ембриони. Процентот на бремености што се постигнуваат со тој метод изнесува меѓу 20 до 50 отсто, што се смета за висок процент и сведочи за силниот биолошки потенцијал на човечките ембриони.

  • Јајцеклетките се најчуствителни на криопрезервација, но со употреба на витрификација ( метод на криопрезервација на јајцеклетки ), успехот од замрзнување и одмрзнување е окулу 90%. На истите клетки процентот на оплодување е околу 75%, а процентот на имплантација е од 20 до 50%.
Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Skip to content