Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757
Чудата се можни – 54-годишна пациентка ја доби својата најголема радост, да биде бремена благодарение на нашата и единствена Д-р Верица Органџиска!
Во светот на репродуктивната медицина, секоја победа е доказ дека надежта никогаш не смее да згасне!
Ја славиме огромната храброст и истрајност на една извонредна жена која по седум неуспешни ин витро обиди во други клиники, конечно го доживеа најубавото чувство, радоста на мајчинството.
 Со силна верба, доверба и медицинска прецизност, нејзиниот пат кон бременоста не беше лесен.
По успешно изведена лапароскопска миомектомија и хистероскопија, како и ин витро постапка со донирани јајцеклетки, таа го доби најдрагоценото –бременост!
Овој успех не би бил можен без посветеноста, знаењето и експертизата на Д-р Верица Органџиска, која ја водеше оваа приказна до среќен крај.
Оваа приказна е светло за сите парови што се борат со неплодноста. Не дозволувајте разочарувањата да ве победат.
Вистинската поддршка, вистинскиот тим и непоколебливата верба можат да ве однесат до вашето најголемо чудо.
 Вашата приказна сè уште се пишува – не се откажувајте!

Во секој предизвик гледаме шанса да покажеме дека љубовта кон човекот е најсилната алатка во медицината.

Со љубов и надеж, тимот на „Др Органџиски“

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content