Пишувана историјата не со зборови, туку со срце. Токму пред 28 години, во скромен, но посветен амбиент, во срцето на Штип, се случи нешто што ќе ја промени историјата на медицината, на Македонија и на целиот Балкан.
Во клиника Д-р Органџиски, со љубов, знаење и верба во животот, беше зачната првата живородена четворка – не само во Македонија, туку и на Балканот. Благодарение на биомедицинското потпомогнато оплодување, четири мали срца почнаа да чукаат како едно, носејќи радост, надеж и гордост.
На оваа стара, но бесценета ултразвучна слика, снимена на 26 ноември 1996 година, се гледа нешто повеќе од медицински запис – гледаме чудо, симбол на нов почеток, доказ дека кога науката е водена од човечност, тогаш ништо не е невозможно.
Денес, 28 години подоцна, Болницата „Д-р Органџиски“ го носи тоа наследство во своето срце – во својата модерна ембриолошка лабораторија каде и денес се раѓаат надежите, каде соништата за родителство стануваат реалност.
Тоа не е само место на наука, туку светилиште на животот!
Овој историски успех е резултат на љубов, пожртвуваност и визија. Тоа е потсетник дека животот секогаш наоѓа пат, кога е поддржан со знаење, вера и топлина.
Нека оваа приказна биде светлина за сите идни родители. За секој обид, секој сон, секоја солза и секоја насмевка – вреди.
Љубовта кон човекот е нашето најсилно оружје.