Emergency number: 078 393 757
032 / 393-757
Пациентка на Д-р Стојан Органџиски која што живее надвор од Македонија, 39-годишна жена која храбро се бореше за своето мајчинство повеќе од 15 години, конечно ја дочека својата среќна вест – ДА СЕ ОСТВАРИ КАКО МАЈКА.
Патот не беше лесен:
– Три операции од екстраутерина бременост – бременост надвор од матката, при што и се отстранети двата јајцеводи.
– Вкупно ДЕВЕТ неуспешни ИВФ процедури во други клиники во Македонија од кој еден обид во Чешка кој завршил неуспешно поради трансферот на ембрионот во заостанатиот дел од десната туба.
Но, надежта не исчезна. Со огромна решителност и посветеност, беше направена лапароскопска операција во нашата болница (LPSC) за екстрипација на заостанатиот дел од тубата.
Во нашата болница, уште при првата ин витро процедура, пациентката конечно забремени!
Оваа бременост е резултат на целокупниот тим – Д-р Стојан Органџиски, Д-р Верица Органџиска, главниот ембриолог Емилија Миовска и ембриолог Анѓела Мицова.
 Оваа приказна е потсетник дека упорноста и вистинската грижа носат вистински резултати. Ние продолжуваме да се бориме за секој кој се соочува со предизвиците на неплодноста.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content