Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757
Љубица Аџи Андов

Љубица Аџи- Андов

Д-р, спец. медицинска биохемија

СпецијалностМедицинска биохемија
Области на Експертиза
  • Доктор на фармацевтски науки
  • Медицинска биохемија

  • Лабораториска медицина

   Д-р фарм., Љубица Аџи-Андов, специјалист по медицинска биохемија, раководител на биохемиската лабораторија во Специјализираната болница по гинекологија и акушерство ,,Д-р Органџиски” – Штип. Во 2009 година се стекнува со звање – магистер по фармација на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а како неколкугодишен корисник на стипендијата за талентирани студенти ,,Трајче Мукаетов“. Во 2011 год. се запишува на докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и истите ги завршува во 2017 година при што се стекнува со титулата – доктор на фармацевтски науки. Во 2012 година се запишува на специјализација по медицинска биохемија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а во 2017 година положува специјалистички испит. Од 2017 година работи како специјалист по медицинска биохемија во неколку дијагностички лаборатории, меѓу кои и една од најголемите, Дијагностичката биохемиска и микробиолошка лабораторија ,,Synlab” – Скопје.
Член е на МЗМБЛМ – Македонско здружение за медицинска биохемија и лабораториска медицина. Член на EuSpLM – European Register of Specialists in Laboratory Medicine.
Член на EFLM Academy. Член на ФКМ – Фармацевтска комора на Македонија.
Има издадено голем број на научни трудови и има учествувано во меѓународни и национални конгреси, симпозиуми, курсеви, апликативни тренинзи и работилници од областа на медицинската биохемија и лабораториската медицина и фармација.

Skip to content