ХИСТЕРОСКОПСКИ СКРЕЧИНГ – интервенција која го зголемува процентот за имлантација на ембрионите кај жени кои имаат најмалку една НЕУСПЕШНА ИН ВИТРО процедура.
Ендометријално гребење – Scratching е постапка за која се покажало дека ги зголемува шансите за успех при ин витро постапка. Оваа постапка е прилично едноставна, минимално инвазивна, краткотрајна и безбедна. Се препорачува да се направи еден или најмногу два циклуси пред ембрио трансфер. Ако ја направите оваа постапка подолго пред планирањето на ин витро, тогаш ендометриумот ќе има време да се “лекува” и нема да даде посакуван резултат. Ендометриумот е слој на ткиво во внатрешноста на матката. За да забремени жената, ембрионот мора да се закачи на оваа обвивка и да настане имплантација. Неуспехот за имплантација се смета за примарен фактор што влијае на плодноста кај луѓето и обично се припишува на недостаток на приемчивост на матката.
При ин витро постапка, стимулацијата на јајниците и медикаментите може да ја променат состојбата на матката и да ја намалат нејзината рецептивност за да ги прифати ембрионите. Иако сеште не е целосно јасно како scratching-от ја подобрува рецептивноста на ендометриумот, има докази кои укажуваат дека процедурата ја менува структурата и функцијата на ендометриумот и ја прави порецептивна за ембрионите. Се смета дека ја провоцира матката да се регенерира и да се сихнронизира со развојот на ембрионите.
Самата процедура значи загребување или повредување на ендометриумот на матката со Новакова сонда или многу мала кирета пред планираниот ембриотрансфер со цел подобрување на циркулација во ендометриумот и подобра и поефикасна имплантација на ембрионот. На местото на кое се “повредува” ендометриумот се зголемува снабдувањето со крв. Од таа причина ембрионот ќе го избере ова место за подобро да се храни.
Ендометријално гребење се прави само со негативни микробиолошки брисеви кои ќе потврдат отсуство на вагинална и цервикална инфекција и после детално чистење пред и после со Бетадин раствор. Тоа е така бидејќи интервенција ги носи ризиците од ширење на инфекција во горните партии на репродуктивни органи, перфорација на матката, повреда на околни органи, мочен меур, црева и слично.
По постапката може да се чуствува нелагодност, болка и грчеви. Можно е и мало крварење но сето тоа брзо поминува и жената може да се врати во нормално животно темпо.
Ендометријалното гребење им се препорачува на жените кои не успеат да забременат, по неколку неуспешни IVF постапки, и покрај трансферот на квалитетни ембриони и без јасна причина за нивниот неуспех. Иако некои студии сугерираат дека гребењето на ендометриумот може да ги удвои шансите за забременување, убедливите научни докази за неговите придобивки и познавање на основните механизми се ограничени.
Постапката нема ограничувања, може да се спроведе онолку пати колку што е потребно се додека не се постигне успех.
Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето корисничко искуство додека се движите низ веб-страницата. Од нив, колачињата кои се категоризирани како неопходни се зачуваат на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за работа на основните веб функционалности