Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Прим. д-р Ванчо Органџиски го доби признанието „8 Ноември“ за придонес во областа на здравството

Во рацете на прим. д-р Ванчо Органџиски замина Осмоноемвриското признание кое го доделува Општина Штип.

,,Успехот не е случајност, туку напорна работа, учење, жртва и најмногу од сè – љубов кон она што го правиш!”

Д-р Ванчо Органџиски Признанието го доби за долгогодишниот придонес во областа на здравството. Во текот на неговото целокупно работење бројните успеси, резултати, како и изградбата на новата Болница Д-р Органџиски, како негово животно дело, се само дел од заслугите што д-р Ванчо Органџиски ги има за својот град, за Источна Македонија и за државата воопшто.

Признанието на д-р Ванчо Органџиски му беше доделено на Свечена седница по повод 79 години од Денот на ослободувањето на Штип, 8 Ноември. За наградата одлучуваше Комисијата за доделување на награди и признанија при Општина Штип, а заслугата ја имаат сите задоволни пациенти со кои оваа успешна приказна ја гради својата комплетна слика.

Ова признание за прим. д-р Ванчо Органџиски е повеќе од заслужено. Успехот е негово секојдневие, а професијата – негов живот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content