Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Првата живородена четворка е зачната во Штип

Првата живородена четворка во Македонија и на Балканот е зачната во Штип, благодарение на прим. д-р Ванчо Органџиски. Бременоста е постигната со биомедицинско потпомогнато оплодување во нашата клиника.

Приказот од ултразвук пред 27 години покажа четири прекрасни дечиња, зачнати во клиниката.

По 27 години, во срцето на Болницата „Д-р Органџиски“ лежи современа ембриолошка лабораторија – свето место каде што животот доаѓа во постоење. Таа е место каде се случува магијата, соништата за родителството го земаат својот прв здив.

Најклучната фаза од програмата за ИН ВИТРО – оплодување, а тоа е создавањето и почетните денови на нашите идни малечки, се развива токму во лабораторијата на Болницата „Д-р Органџиски“.

За ваквите успешни резултати не придонесуваат само квалитетот на опремата, медиумите и потрошниот материјал, за тоа многу повеќе се заслужни нашите специјалисти кои со својата стручност го овозможуваат сето тоа.

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content