Крводарителска акција по повод 32 роденден на
Успешно спроведена Втора крводарителска акција во Болница ,,Д-р
Прочитај повеќеПовеќе
Повеќе
Повеќе
Повеќе
Повеќе
Акушерството е насочено на бременоста, породувањето и постпарталниот период.
Гинеколошко-акушерската ординација е организирана како дијагностичко- терапевтска установа, во којашто сите најсовремени испитувања и третмани се извршуваат амбулантно, во текот на само еден ден.
Вашата желба за собствено дете е се уште неостварена. Ние ги остваруваме вашите соништа, ја создаваме вашата среќа и вашата иднина.
Целта е пациентот да не чувствува никаква болка во текот на интервенцијата. Болницата располага со најсовремен мониторинг за следење на виталните параметри на пациентот со цел да се зголеми нивната безбедност во текот на престојот. Тимот на Болницата „Д-р Органџиски“ дава можност за спонтано, безболно породување и породување со царски рез.
Одделот за неонатологија се грижи за здравјето и благосостојбата на здравите новороденчиња преку следење на нивниот раст и развој, а достапна е и дијагноза, третман и следење на болни новороденчиња. Во него работи најдобриот тим педијатри, неонатолози и високообучени медицински сестри.
The Specialized Obstetrics and Gynecology Hospital “Dr. Orgnadziski” – Shtip also has a modern, high-tech equipped laboratory. The laboratory staff are highly qualified professionals that work with the most sophisticated equipment from the world-renowned industry brand “Roche Diagnostics”. What does our Laboratory offer?
Во нашата болница се вршат сите видови гинеколошки прегледи по највисоки стандарди и со најсовремена апаратура. Најголемата улога во остварување и навремено дијагностицирање на сите абнормалности, ја има тимот составен од врвни специјалисти и медицински сестри. Нивната дејност е од есенцијално значење за сите сфери во болницата. Тие се всушност мостот помеѓу специјалистите и пациентите.
Многу родени бебиња
Задоволни пациенти
Успешни ин витро постапки
Затоа Специјална болница по гинекологија и акушерствo Д-р "Органџиски“ Штип
ја заслужи Вашата доверба и заслужува да го доверите Вашето здравје на нејзините вработени.
Успешно спроведена Втора крводарителска акција во Болница ,,Д-р
Прочитај повеќеПо повод 32 роденден на Болница Д-р Органџиски
Прочитај повеќеСо лапароскопска гинеколошка хирургија, имаме цел да го
Прочитај повеќеПрием во вилата на претседателот Борис ТадиќД-р Стојан
Прочитај повеќеЖивотното дело на прим. д-р Ванчо Органџиски –
Прочитај повеќеЕдна од најстарите родилки во Европа (59-годишна) е
Прочитај повеќеДа се има семејство значи да се биде дел од нешто прекрасно. Тоа значи дека ќе сакате и ќе бидете сакани до крајот на вашиот живот без оглед на сѐ. Драги родители Ви посакуваме многу здравје, љубов, среќа, насмевки и безгрижен раст на вашата рожба.
Уште од првиот мој преглед во вашата болница се чуствував среќно, исполнето и задоволно.
Покрај прекрасни доктори, анестезиолози, педијатри, акушерки и сестри ниту во еден момент не се почуствував исплашено за пораѓајот се беше перфектно. Деновите поминати во вашата болница беа прекрасни, целиот персонал беше грижлив како за мене така и за бебето. Само пофални зборови и препорака до сите идни мајки, вие сте најдобрата болница.
Во мојата потрага по мајчинството, приватната болница на д-р Органџиски стана мое засолниште на поддршка и експертиза. Д-р Стојан, нашата водилка, не беше само лекар, туку утешно присуство насекаде. Неговата постојана грижа и охрабрување ми даде доверба во процесот што тоа според мене е и најбитно. Персоналот од болницата ме третираше љубезно и направи да се чувствувам како дома. Нивната искрена грижа создаде негувачка атмосфера, каде што се чувствува грижа и поддршка на секој чекор од патот.
Најсреќниот момент во мојот живот беше доаѓањето на свет на мојот син. Тоа за мене беше прекрасно искуство благодарение на целиот тим во Болницата Д-р Органџиски. Од самиот почеток па се до последниот ден организацијата, грижата и негата беа на врвно ниво.
Посебна благодарност до Д-р Кирчо Шумански кој ни беше на располагање во било кој момент, Д-р Катица која за момент не ја пушти мојата рака во текот на целата интервенција, како и до остатокот од целиот персонал. Супер тим, врвна услуга, топла препорака за сите идни мајки. Јас и малиот Вукан сме ви вечно благодарни!
Голем поздрав од мене и мојата фамилија. Не постојат складни зборови со кои можам да ги опишам моите искуства со болницата Д-р Органџиски и со целиот тим. Професионалност, пристапност во секој момент , големи професионалци, пожртвувани и пред се човечни. Јас имам правено три вештачки оплодувања. Првото во 2014 , второ 2015 и трето 2018 значи второто и третото се успешни. Првото се породив со машко а второто близнаци машко и девојче. Не постојат зборови со кои можеме да ја искажеме нашата голема благодарност до целиот тим - НАЈМНОГУ до Доктор Стојан Органџиски ( за мене ДОКТОР ама со две ДД)
Уште во првиот момент кога дојдовме кај Вас заедно со мојот сопруг Игор, искрено ја почувствувавме позитивната енергија која владее кај Вас и без многу размислување се одлучивме довербата да Ви ја дадеме на Вас за Вашите услуги и посветеност пред, за време и после породувањето на нашето прво прекрасно синче Андон. Тоа што го доживеав во болницата Д-р Органџиски не се опишува со зборови, секој ден го започнувавте и го завршувавте со насмевка и забележав во позитивна смисла дека никогаш не се откажувате од работите кои што сакате да ги постигнете. Вашиот прекрасен љубезен лекарски и стручен тим и останатиот персонал направија се за да се чувствувам безгрижно за цело време.
Јас немам зборови што можат да го опишат најдоброто од болницата, персоналот, др. Стојан др. Верица, ембриолог Емилија сестра Силвија и воопшто целиот тим... На секој топло го препорачувам овој тим бидејќи благодарение на тој тим јас го имам целиот свет во раце и целата среќа а тоа е мојата ќерка Николија која ја добив по пат на ин витро процедура благодарение на најдобриот тим, на најголемата надеж што ми ја дадоа и ја добив сакам да им посакам уште многу успешни години и уште многу семејства да бидат среќни како нас поздрав до најдобриот тим на Др. Органџиски"
Задоволна сум од услугите во Болницата ,Д-р Органџиски', бидејќи таму персоналот работи со голема љубов и посветеност, а посебно - преголема грижа за своите пациенти.
Во оваа болница ми помогнаа да го донесам на свет моето прво бебенце, се грижеа за нашето здравје, за нашата удобност и сите потреби ни беа задоволени.
Секогаш ќе ја имам довербата да се грижат за мене и моите најмили, и сега, и во иднина.
Нашата среќа е голема бидејќи станавме родители.За тоа е заслужен само еден човек, човек со широка насмевка, човек со големо срце, човек со големо значење и пред се самодоверба. За нашата среќа е заслужен најдобриот Д-р Стојан Органџиски.Од се срце му се заблагодаруваме, посакувајќи му долг живот исполнет со здравје и успешна иднина.Продолжете само така напред по патот на својата кариера. Нас не усреќивте, усреќете уште многу семејства.Бидете живи здрави и успешни.
Момент кој останува врежан во сеќавање за цел живот, искуство кое не се заборава. Максимално професионален персонал кој знае и умее да влева верба и надеж во најтешките и неизвесни моменти. И во такви моменти се е полесно кога си во сигурни раце.Вие секогаш ќе ни бидете ПРВ ИЗБОР. Ви благодариме на убавото искуство.
Ви благодарам за најубавите моменти. Уживање во секој момент таму. Бескрајно благодарна на целиот тим, Доктор Ристе за одлично завршената работа, сестрите за одличната нега посебно во 3та смена. Анестезиологот кој ниту еден момент не ме остави без тема за разговор и незнам кој е одговорен за музика (Веројатно сестра Сање) ама ме погоди во правиот момент. Уште многу години успешна работа со незаменливиот Др. Ванчо Органџиски
Сакам да изразам голема благодарност до д-р Органџиски за големата поддршка и надеж, што ми ја даваше секогаш кога одев на преглед кај него.Голема благодарност до ембриолог Емилија Миовска, како и целиот тим во оваа болница,кои ми дадоа надеж и направија да се чувствувам како дома.Благодарна сум,што благодарение на сите Вас ги имам овие две прекрасни деца,за кои со години сонував,а Вие ми ја дадовте оваа радост.Едно благодарам е малку за тоа што го направивте за мене и мојот сопруг цел живот.Длабок поклон до сите Вас.Ве сакаме со сето срце.
Примариус Д-р Ванчо Органџиски на 21.09.1992 година ја основаше првата приватна гинеколошка ординација во Македонија, а денес заедно со Д-р Стојан Органџиски и Д-р Верица Органџиска ја формираа првата приватна гинеколошка болница во источна Македонија.Болница Д-р Органџиски е плод на 30 годишна бескомпромисна посветеност кон пациентите, труд и успех.
Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето корисничко искуство додека се движите низ веб-страницата. Од нив, колачињата кои се категоризирани како неопходни се зачуваат на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за работа на основните веб функционалности