Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Една од најстарите родилки во Европа (59-годишна) е пациентка на д-р Стојан Органџиски

На речиси 60 години се породи пациентка на д-р Стојан Органџиски, по успешно спроведена ин витро процедура. Здраво машко бебе дојде на свет со тежина од 3200 грама, зачнато кај нас, со следена бременост во нашата Болница.

Родилката е една од највозрасните пациентки на овие простори, која на речиси 60-годишна возраст успешно ја донесе својата прва рожба. Силната желба за бебе кај мајката и умешноста на професионалците од Болницата „Д-р Органџиски“ беа идеален спој за и оваа семејна сторија да успее.

„Бременоста ја постигнавме во нашата Болница, по успешно спроведена ин витро постапка со донирани јајце клетки. Пред ин витро процедурата, на пациентката ѝ имам извршено хистероскопска операција со ресекција на септум – преграда на матка. Повеќе години пред лекувањето пациентката немаше менструални циклуси. Целиот процес на лекување и самата ин витро постапка бараат многу знаење, посветеност и љубов кон самата професија. Целата бременост беше следена во нашата Болница и целокупната бременост протече сосема нормално“, истакнува за овој несекојдневен успех д-р Стојан Органџиски, директор на Болницата „Д-р Органџиски“ и гинеколог што истрајно и со силно знаење ја водеше бременоста на оваа среќна мајка.

Поради тоа што пациентката не живее во Македонија, се породи во Софија. Штип за неа значи многу – во нашата Болница е зачнат ембрионот на нејзиното здраво бебенце. Станува збор за исклучително сложено медицинско лекување, сплет од многу знаење и посветеност на лекарот, како и многу силен карактер, ведар и позитивен лик кај пациентката.

Успехот е постигнат благодарение на професионалната умешност на д-р Стојан Органџиски во спроведувањето на ваквите успешни ин витро процедури, како и на целиот негов тим, на кој му упатува безусловна благодарност, а посебно на д-р Верица Органџиска и на главниот ембриолог во ин витро лабораторијата на Болницата, Емилија Миовска.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content