Дневна болница „Д-р Органџиски“ – место каде нашиот тим e целосно посветен на пациентот
Дневната болница е вид амбулантска установа која обезбедува интензивен медицински третман во текот на денот, а на пациентите им се дозволува да се вратат дома во вечерните часови. Позната е и како Програма за дневен третман или програма за делумна хоспитализација, која овозможува следење и поддршка на пациентите во континуитет.
Дневната болница „Д-р Органџиски“ нуди поставување на централен венски катетер за тотална парентерална нутриција, ординирање на крвни деривати, поставување на епидурален катетер за аналгезија (губење на чувството на болка).
Еве неколку важни работи кои треба да ги знаете за дневните болници.
1. Интензитет на лекување
Дневните болници нудат поинтензивен третман од традиционалната амбулантска терапија, но помалку интензивен од хоспитализацијата во болница. Пациентите, вообичаено, добиваат третман од неколку сесии кои траат повеќе часа, секој ден или само одредени денови во неделата.
2. Поддршка за транзиција
Дневните болници се премин од хоспитализацијата кон амбулантската нега. Пациентите кои биле хоспитализирани, при својот третман во одреден момент посетуваат дневна болница за подоцна целосно да преминат на амбулантска нега. Дневните болници може и да ја спречат потребата од хоспитализација со обезбедување интензивен третман кај лица кои доживуваат акутни симптоми.
3. Флексибилност
За разлика од хоспитализацијата во болница, пациентите во дневните болници се враќаат дома во вечерните часови. Тоа им овозможува да ги задржат секојдневните обврски, како што се работата, училиштето или семејните обврски. Престојот во дневна болница е ограничен на 6 – 8 часа.
4. Следење и поддршка
Пациентите не престојуваат во установата преку ноќ, па затоа во дневните болници се обезбедува поддршка на пациентите и внимателно следење на нивната состојба. Тоа подразбира давање соодветни лекови, итна интервенција или поддршка за развивање на вештините за справување со здравствената ситуација во која се наоѓа пациентот.
5. Ефективност
Дневните болнички програми честопати се поисплатливи од хоспитализацијата во болница, бидејќи нема потреба од деноноќен ангажман на персонал и сместување за пациентот. Можат да бидат и поприфатлива алтернатива на програмите за третман во домашни услови.
6. Континуитет на грижата
Дневните болници обезбедуваат и промовираат континуитет во негата кај пациентите. Тоа се прави во координација со другите даватели на здравствена заштита, како што се лекарите од примарната здравствена заштита, терапевтите и останати ресуси на заедницата, а со цел да пациентите да добијат сеопфатен третман и поддршка.