Отворена Болницата за гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ – прва во Источна Македонија
На 29 јануари 2023 година, Истокот ја доби Новата специјализирана болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органиџиски“. Свеченото отворање го означи почетокот на работата на Болницата и на Штип му го оправда епитетот – центар на Источна Македонија. По 31 година, „Д-р Органџиски“ прерасна во бренд препознатлив во цела Македонија, а и многу пошироко.
На чинот на осветувањето чиноначалствуваше Неговото блаженство, поглаварот на МПЦ – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, во сослужение на Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички, г. Иларион, а присутни беа бројни гости.
Сите дозволи за работа се обезбедени, сите законски, просторни и кадровски услови за се исполнети.
Новата болница се простира на површина од 5.000 м2, од кои корисна површина од 2.200 м2.
Во денешната нова болница има:
- чекална од 230 м2,
- амбулантско – поликлинички дел,
- најсовремена биохемиска лабораторија,
- ин витро центар,
- неонатологија со интензивна нега на бебиња,
- родилно одделение со најсовремена родилна сала,
- оперативен блок со две операциони сали и
- стерилизација.
Во новата болница има идеални услови за:
- лапароскопски и хистероскопски операции;
- породувања: нормални и со царски рез;
- отворена хирургија и многу други услуги.
Градежните активности за изградба на Новата болница „Д-р Органџиски“ – Штип траеја една година и седум месеца, а Болницата е чиста македонска инвестиција – 100% македонски капитал.
Отворањето на Новата болница е крунисување на работата на првата приватна гинеколошка ординација „Д-р Органџиски“, која започна со работа на 21 септември 1992 година, на црковниот празник Мала Богородица.
Зад Болницата се 31 година искуство, напорна работа, безброј успешни и забележливи резултати, а трендот на вработувања на стручни и квалификувани кадри продолжува во нагорна линија.