Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Отворена Болницата за гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ – прва во Источна Македонија

На 29 јануари 2023 година, Истокот ја доби Новата специјализирана болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органиџиски“. Свеченото отворање го означи почетокот на работата на Болницата и на Штип му го оправда епитетот – центар на Источна Македонија. По 31 година, „Д-р Органџиски“ прерасна во бренд препознатлив во цела Македонија, а и многу пошироко.

На чинот на осветувањето чиноначалствуваше Неговото блаженство, поглаварот на МПЦ – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, во сослужение на Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички, г. Иларион, а присутни беа бројни гости.

Сите дозволи за работа се обезбедени, сите законски, просторни и кадровски услови за се исполнети.

Новата болница се простира на површина од 5.000 м2, од кои корисна површина од 2.200 м2.

Во денешната нова болница има:

  • чекална од 230 м2,
  • амбулантско – поликлинички дел,
  • најсовремена биохемиска лабораторија,
  • ин витро центар,
  • неонатологија со интензивна нега на бебиња,
  • родилно одделение со најсовремена родилна сала,
  • оперативен блок со две операциони сали и
  • стерилизација.

Во новата болница има идеални услови за:

  • лапароскопски и хистероскопски операции;
  • породувања: нормални и со царски рез;
  • отворена хирургија и многу други услуги.

Градежните активности за изградба на Новата болница „Д-р Органџиски“ – Штип траеја една година и седум месеца, а Болницата е чиста македонска инвестиција – 100% македонски капитал.

Отворањето на Новата болница е крунисување на работата на првата приватна гинеколошка ординација „Д-р Органџиски“, која започна со работа на 21 септември 1992 година, на црковниот празник Мала Богородица.

Зад Болницата се 31 година искуство, напорна работа, безброј успешни и забележливи резултати, а трендот на вработувања на стручни и квалификувани кадри продолжува во нагорна линија.

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content